февруари 28, 2017

Охрид/Белград, 28. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија најави дека на 34-то Европско првенство во сала, ќе учествуваат двајца атлетичари од Република Македонија.

Атлетската федерација на Македонија ќе земе учество со своите 2 најдобри атлетичари по постигнати резултати за 2017 година и тоа: Сашо Голубиќ, роден 1995 година, кој треба да настапи во дисциплината 60 метри трчање и охриѓанката Мартина Мироска, родена 1998 година, која треба да настапи во скок во далечина.

Првенството ќе се одржи од 3-ти до 5-ти март во Белград, каде ќе учествуваат 600 натпреварувачи од 51 држава членки на ЕАА. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука