април 29, 2022

Охрид, 29. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Мартина Петреска е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Mладата и надежна каратистка од Охрид, Мартина Петреска неодамна избори пласман за учество на Европско првенство за кадети и јуниори до 21 година, што кон средината на јуни ќе се одржи во Прага. По цели 12 години Охрид повторно ќе има свој претставник на Европско карате првенство, што е огромен успех за Мартина, но и за спортот воопшто во Охрид. Таа има само 14 години, а со карате се занимава веќе 8 години, како член на клубот „Чоле-Охрид“.

Нејзин музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: Grenade на Bruno Mars, Take My Breath на The Weeknd и No Roots на Alice Merton.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Петреска падна на „По тебе“ на Тоше Проески. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука