Барселона, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Барселона се најде во проблеми откако десниот бек Алеиш Видал заработи сериозна повреда на скочниот зглоб и нема да му биде на располагање на тренерот Луис Енрике до крајот на сезоната.
Стратегот на Барселона размислува да ангажира слободен агент, и тоа Мартин Касерес.
Уругваецот беше дел од „Камп Ноу“ во периодот од 2008 до 2011 година и одигра само 11 натпревари, а ова лето беше отпуштен од италијанскиот шампион Јувентус. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19