Саутемптон, 17. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Саутемптон го официјализира трансферот на уругвајскиот репрезентативец Мартин Касерес.
Иако се шпекулираше со негова преселба во Барселона,искусниот дефанзивец пристигна на Островото откако минатото лето му заврши договорот со Јувентус.
Мартин Касерес не сакаше повторно да се врати во Барса и како слободен играч потпиша договор со Саутемптон до крајот на сезоната, а во новиот клуб ќе го носи дресот со бројот 12.
Уругваецот во кариерата има настапувано за Севилја и Барселона. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 19