август 16, 2019

Скопје, 16. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Две и пол години по издавањето на песната „Идеална“, Мартин Мила се враќа со нов сингл насловен како „I’ve been travelling“.

– Чест ми е да Ви го претставам моето ново дело, овој пат на англиски јазик, насловено како „I’ve been travelling“. Музиката и текстот се мои, додека аранжманот е на Гоце Симоноски. Снимена и миксана во студиото Super Nova во Тетово. Песната говори за едно мое лично искуство дека животот е едно патување кое мора да го поминеш за да стигнеш до работите за кои тежнееш и ги сакаш. Како на пример моето патување на Малта, кое за мене е почеток на еден сосема нов живот… Па затоа и песната е на англиски. Нека слушаат и тие, зашто да не? Никогаш не се знае, вели Мартин.

Тој најавува наскоро и видео запис за неговата нова песна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука