Охрид, 20. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година во Охрид со марш ќе биде одбележан Светскиот ден на мирот.
Во организација на општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и грѓаните продолжувачи на традицијата во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа, утре ќе се одржи марш, под мотото „Заедно за мир-почитување, безбедност и достоинство за сите“.
Маршот ќе почне во 11:00 часот од седиштето на организацијата во кругот на старата дирекција на Гранит и ќе се одвива по кејот „Македонија“ до плоштадот „Св. Климент Охридски“ каде ќе биде прочитана пораката за мир на Обединетите нации, по што ќе следат пригодни обраќања и културно уметничка програма.
Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21-ви септември е прогласен за Светски ден на мирот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива