Охрид/Белград, 2. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од денес до 25-ти март во Павилјонот Цвијета Зузориќ во Белград ќе биде поставена заедничка изложба на Стојан Ѓуриќ и охридскиот сликар Мирослав Масин, со наслов „Горе длабоко – Долу високо“.
Мирослав Масин, пред неколку години дел од својот циклус на дела „Горе длабоко – Долу високо“ претстави на реномираниот фестивал „Охридско лето“, како и на Научната и културна визита, организирана од МАНУ во Куќата на Уранија.
– Мирослав Масин, познатиот македонски сликар живее ‘таму каде што ветерот најостро дува’, во ‘пустите предели на Поларната мечка’, како што во песната ‘Од високите планини’ вели германскиот мислител со заразно здравје. Оваа волшебна висина открива присутност на сѐ во сѐ, нераскинливи врски на постоењето, траењето, кое не е со разум сместено и организирано во ликови и нешта, се вели во делот од изложбата на Масин.
Во однос на Стојан Ѓуриќ се вели дека тој останува долу до „самите нешта“, но неговиот поглед не е понирање во длабочината, не е потрага за лосос. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива