Охрид, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Посетителите на Бистро „Корнер“ ќе имаат можност да ја дочекаат Стара Нова година – Василица, а менаџерскиот тим најавува бројни награди и изненадувања.
Во петок, 13-ти јануари ќе се организира маскенбал по повод празникот. За музиката ќе бидат задолжени дуото Андреј и Цвијо.
Како што додаваат од Бистро „Корнер“, за сите посетители следат многу изненадувања и награди. Најдобрите пет маски ќе добијат награди од ИБ Фитнес и „Сара Фешн“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Бистро „Корнер“
Прочитано: 22