Охрид, 2. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – По повод 1-ви Април, Денот на шегата, во ОУ „Ванчо Николески“ со сите ученици од I до IX одделение се организираше првоаприлски маскенбал.
– Наставниците заедно со учениците и родителите изготвија креативни првоаприлски маски, кои продефилираа до центарот на Лескоец. Имаше многу пригодни и специјално изработени маски, од кои најзастапени беа принцези, пеперуги, Буба мари, Спајдермен, учителки, ликови од цртани детски филмови и слично. Учениците со задоволство се вклучија во маскенбалот и видна беше нивната радост. Исто така во рамки на маскенбалот беа организирани натпреварувачки игри помеѓу учениците во влечење јаже, брзо јадење слатки и носење јајце во лажица. ОУ „Ванчо Николески“ секоја година организира ваков настан, преку кој се поттикнува креативноста кај учениците, тимската работа, но и натпреварувачкиот дух, информираат од училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива