Масовно убиство во Цетиње, 12 жртви
јануари 2, 2025

Цетиње, 2. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – 45-годишен маж со огнено оружје вчера, 1. јануари 2025 година, уби најмалку 12 лица во Цетиње, меѓу кои и две деца. Претходно се зборуваше за десет загинати.

Според информациите на локалните медиуми, сторителот делото го извршил во кафеана, а потоа при бегството наводно убил двајца малолетници и ранил една жена.

– По неколкучасовна потрага, напаѓачот си нанел смртоносни повреди од кои при транспорт во болница починал, соопшти министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ.

Најпрво не беше јасно што го предизвикало крвавиот чин на сторителот, пренесува германската новинска агенција ДПА. Полицијата претпоставува дека не се работи за кривично дело поврзано со организиран криминал, туку за емотивен чин.

Германската агенција потсетува дека во истиот град во август 2022 година, вооружен напаѓач застрела десет луѓе пред самиот да биде убиен од вооружен минувач.

Во информацијата се наведува и дека во Црна Гора и другите балкански земји многу луѓе се вооружени и често немаат дозволи за поседување на оружје.

По вчерашното злосторство во Црна Гора е прогласена тридневна жалост. (Крај)

извор: DW фото: Rusmin Radic/Anadolu/picture alliance

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука