Милано, 16. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Матиа Де Шиљо, ги прекинал преговорите со управата на Милан за нов договор откако за него интерес покажа шампионот Јувентус.
Актуелниот договорот на дефанзивецот со “росонерите” е до 2018 година а првите луѓе од “Сан Сиро” најверојатно ќе се согласат да го продадат Де Шиљо на еден од најголемите конкуренти, само за да не го пуштат како слободен агент.
Де Шиљо за медиумите истакнал дека сака да ја продолжи кариерата во „старата дама“ за да почне да освојува трофеи. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 14