октомври 1, 2024

Охрид, 1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се одржи стручен состанок „Една вакцина за сите“, наменет за матични лекари, педијатри и гинеколози.

Состанокот е резултат на соработката на Комисија за имунизација при Министерство за здравство и Центарот за семејна медицина Медицински Факултет, со цел воведување на 9-валентна ХПВ вакцина во редовниот вакцинален календар.

– На состанокот ќе се обратат проф. д-р Катарина Ставриќ од Медицинскиот Факултет во Скопје на тема „Опфат со задолжителната имунизација на деца во Македонија за 2023 година со осврт на ХПВ вакцина“, за „Медицинско значење и безбедност на ХПВ вакцина“ ќе говори проф д-р Александра Грозданова од Фармацевтски факултет, Скопје, додека за „ХПВ асоцирани заболувања“ ќе говори доц. д-р Ирена Алексиоска Папестиев од ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, информираат организаторите. (Крај)

извор: МИА фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука