Милано, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Милан и официјално го потврди ангажманот на 23 годишниот напаѓач Матија Дестро.
Интерес за сега веќе поранешниот играч на Рома покажуваа клубови од Премиерлигата но Дестро се одлучи да остане во Италија и да им помогне на “росоњерите”да обезбедат настап во Европските купови.
Тој во Милан до финишот на сезоната ќе настапува како позајмен играч со можност клубот потоа да го откупи неговиот договор.
извор: Спорт ТА фото:архива
Прочитано: 13