март 30, 2017

Неапол, 30. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Наполи бара голман кој ќе го наследи 34-годишниот Пепе Реина, а изборот на клубот е чуварот на мрежата на Џенова,Матија Перин.

Перин на почетокот на својата кариера беше посочен како наследник на Џиџи Буфон, но неговиот развој го спречија честите повреди, поради што го пропушти европското првенство во Франција минатата година,како и голем дел од тековната сезона.

Според италијанските медиуми Перин веќе се договорил со Наполи да го замени Пепе Реина, кој најави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука