јуни 16, 2017

Охрид, 16. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Матурантите од ОУТУ „Ванчо Питошески“, од образовните профили келнер и готвач, го полагаа завршниот практичен дел од матурата.

Пред стручната комисија и професорите тие покажаа колку ги научиле гастроносмските тајни за време на нивното школување. Подготвуваа специјалитети за предјадење, главно јадење и десерти, а во кабинетот за послужување келнерите кувертираа маси за банкет, фламбираа и послужија морски плодови, банани, кувертираа ресторанска сала по а ла карт, презентираа вештини од барменството приготвувајќи коктели и беа задолжени за нивно послужување.

ugostotelsko1

Трудот и нивното дело се гледаа. Во дегустацијата уживаа и учениците, видно задоволни од она што го подготвиле покажувајќи ја својата кретивност, иновативност и професионалност.
Практичната настава е важен дел од образовниот процес, особено во областите од угостителството. Преку нив работодавачите го препознаваат квалитетот на учениците.

ugostitelsko3

Затоа треба да се даде акцент на средното стручно образование, особено угостителско-туристичката струка, бидејќи на пазарот на трудот недостасуваат такви кадри за вработување. Тоа особено е забележливо во градов, каде во голем дел од огласите се бараат токму вакви кадри – готвачи келнери.  (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: ОУТУ „Ванчо Питошески“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука