јануари 1, 2020

Охрид, 1. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Приновата на 30-годишната Нита Курти од Дебар е првото дете кое е родено во Охрид во новата 2020-та година.

Второто дете на Нита дојде на свет во 13:13 часот. Станува збор за здраво бебе, родено со тежина од 3.600 грама, а долго 54 сантиметри.

Спонтаното породување го изврши медицински тим од гинеколошкото одделение при Општа болница Охрид, предводено од гинеколог д-р Мимоза Влаши Хиса, специјалист акушер и неонаталогот д-р Зорица Стрезоска. (Крај)

извор: ТвМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука