Охрид, 5. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи, заедно со Државната изборна комисија сериозно се подготвува за локалните избори, закажани за 15-ти октомври, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
– МВР има цел да го обезбеди изборниот процес и самиот изборен ден. Сите расположливи капацитети ќе бидат насочени кон создавање на атмосфера за фер и демократски избори на кои граѓаните ќе одлучуваат, истакна Спасовски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 40