Охрид, 4. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР и хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи денеска дејствуваа на пожарот кај охридското село Косел.
– Во 29 циклуси хеликоптерот Бел 412 исфрли над 43 тони вода, со што дел од краците на пожарот беа ставени под контрола, информираат од МВР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: МВР
Прочитано: 122