Охрид, 27. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти ноември 2024 година, во 17:00 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишија од слобода 48-годишно лице од Охрид.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути. Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 31