Охрид, 27. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
– На 17-ти декември 2024 година, во 03:25 часот во казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, по претходна расправија, со остар предмет нападнал лице од Охрид и му нанел убодни рани. По распишан локален распис и преземени мерки и активности, на 26-ти декември 2024 година во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишиле од слобода лицето, сторител на делото, а судија на претходна постапка му определил мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 30