Охрид, 10. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти јули 2019 година, во 15:10 часот, во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Свети Наум, 36-годишниот Б.М. од Украина пријавил дека на планината Галичица паднала параглајдеристка.
– Станува збор за 30-годишната М.П. од Украина, а по неа слетал параглајдерист, 41-годишниот А.М. од Украина. Лицата биле на албанска територија, на непристапен терен, но веднаш се преземени мерки за нивно спасување. По консултација со албанските надлежни органи, на местото на настанот е упатен хеликоптер на МВР со припадници на ЕСЗ и двете лица се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде им е укажана лекарска помош, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 24