МВР со потсетување до граѓаните: Од први јануари 2025 година задолжителни се регистарските таблички со ознака НМК
декември 20, 2024

Скопје/Охрид, 20. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31-ви декември 2024 година.

– Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат националната ознака НМК или на истите да се стави налепница со национална ознака НМК до 31-ви декември 2024 година, информираат од МВР.

Додаваат дека налепници НМК граѓаните може да обезбедат во сите станици за технички преглед. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука