Охрид, 3. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Околу 20.500 птици на Охридското Езеро избројаа вработени и волонтери од Македонското еколошко друштво (МЕД) при редовната акција за броење на птици на трите природни езера во Македонија, вклучувајќи ги околните акумулации и водните станишта.
На Преспанското Езеро има околу 8.000, а на Дојранското околу 7.000 птици.
– На трите езера и на другите водни тела забележаните единки припаѓаат на околу 30 различни видови птици, од кои поголем дел се чести видови птици кои презимуваат на овие водни тела. Најголемо изненадување беше малата бројка на избројани птици на Преспанско Езеро, која сметаме дека е резултат на неколку фактори – релативно високите температури за овој период од годината и промените во крајбрежниот појасн на езерото предизвикани од флуктуациите на водната маса на езерото во последните неколку години, соопштија од МЕД.
Ваквата акција ја спроведуваат веќе 13 години по ред. Годинава пандемскиуте услови биле ограничувачки фактор за учество на поголем број на учесници, но сепак акцијата е успешно завршена.
Инаку, зимскиот цензус на водни птици е најмасовното и најдолготрајно волонтерско пребројување птици во светот, со традиција уште од 1967 година. Предводен од Меѓународната организација за водни станишта (Wetlands International) и во соработка со бројни локални организации, овој настан стана во клучен извор на информации што се од суштинско значење за креирањето политики поврзани со управувањето и заштитата на водни станишта. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: МЕД