Лондон, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Освен хранливата вредност на медот, за која веќе одамна се знае, научниците го препорачуваат и за лекување на настинка, па дури и грип.
Тие потсетуваат дека во старите народни лекови, секогаш бил присутен и медот, но повеќе како мевлем, отколку за задоволство и консумирање како храна.
Медот доколку се консумира често, има превентивна улога во зајакнување на имунитетот, но пожелно е да се користи и директно како лек за време на настинка.
Медот е моќен засилувач на имунолошкиот систем. Има антиоксидансни и анти-бактериски својства. За време на настинска, па дури и грип, се препорачува една лажица мед и сок од половина лимон во чаша со топла вода. Со овој природен микс настинска поминува многу побрзо отколку со други лекови. (Крај)
извор: BBC фото: архива