Охрид, 25. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Возило марка „Мерцедес“ доцна синоќа влета во оградата на тротоарот пред „Охридска банка“.
На местото на настанот увид изврши екипа на СВР Охрид. Возачот, кој за среќа не е повреден, бил сам во автомобилот.
Возилото најпрво се излизгало, по што удрило во металната ограда и урнало една електрична канделабра. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 30