News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 23, 2024

Струга/Брчево, 23. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Веќе трет ден се води како исчезнат и се трага по Крсте Маркоски- Кече од селото Брчево.

Од месната заедница од селото апелираат до сите за масовен одзив на акцијата за пронаоѓање на нивниот соселанец.

– Упатуваме апел до сите ловци, планинари, велосипедисти и сите кои го познаваат теренот околу селото Брчево да се вклучат денес во потрагата по Крсте. Секогаш сме биле тука за добро и лошо и се надеваме на масовен одзив на акцијата, стои во апелот.

На 21-ви овој месец, во 18:38 часот, оперативниот центар на Планинската спасителна служба (ПСС) беше алармиран од Секторот на МВР за потраги по исчезнати лица, дека во реонот на село Брчево, исчезнат е жител на Струга, на 60-годишна возраст. Лицето е со потекло од селото, а истото претходниот ден се упатило да собира шумски плодови и се’ до 16:30 часот, според соседите од селото, не се вратил во својата викенд куќа.

– Три члена екипа од ПСС при Црвен крст Охрид и водич на куче за пребарување од здружението „Куче Спасител“ од Охрид, во координација со струшката полиција, од утрово се на терен во обид да се лоцира исчезнатото лице. Акцијата е во тек, информираат од Планинската спасителна служба.

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатото лице кај струшкото село Брчево.

– На 21-ви октомври 2024 година, во 16:45 часот во ОВР Струга е пријавено дека 60-годишниот К.М. од Струга, претходниот ден излегол да собира печурки во планината кај струшкото село Брчево, но не се вратил во неговата викенд куќа во истото село и дека со него не можат да воспостават телефонска комуникација. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. (Крај)

извор: strugaonline.mk фото: strugaonline.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука