Охрид, 12. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди кои ќе бидат почести во текот на попладневните часови. Ќе дува слаб југоисточен ветер.
Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.
– До понеделник ќе се задржи променливо облачно време. Од вторник облачноста ќе се намали и ќе преовладува претежно сончево време и дневната температура ќе почне да се зголемува. Утринските температури ќе опаѓаат, а најстудено ќе биде наутро во вторник и среда, а потоа утринските температури ќе се во благ пораст. Во средината на неделата ќе дува северен ветер кој во среда вдолж Повардарието повремено ќе засилува, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: Метео/ОхридПрес
Прочитано: 25