Охрид, 7. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), претежно во западните и северните делови.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 13. степени.
– На планините над 1500 м.н.в. ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер (на моменти до 70 км/ч), кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени. Од недела следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 19