Охрид, 19. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено попладне.
УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 24. степени.
– Денес ќе има повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено попладне. В среда и в четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а сеуште ќе има локални врнежи од дожд, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 24