февруари 8, 2018

Охрид, 8. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во утринските часови ќе има слаб локален дожд, на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 9. степени.

– Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег ќе има за време на викендот. Пообилни врнежи ќе има во сабота, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука