октомври 6, 2017

Охрид, 6. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, а во западните и северните делови ќе има локален дожд.

Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. Ќе дува умерен ветер од јужен и југозападен правец, кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе засилува.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 23. степени.

– Кон крајот на денот под влијание на влажен и студен воздушен бран, облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд, најпрвин во западните и северните делови, кои преку ноќта ќе се прошират насекаде. Врнежите во сабота повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени. На планините ќе има и врнежи од снег, особено во северните делови каде снежната граница можно е да се спушти и под 1.500 метри н.в. Од недела утринските температури ќе бидат ниски, а дневните во постепен пораст, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука