Охрид, 16. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер.
Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.
– Следува период на стабилно, суво и топло време, со позитивни утрински температури, а максималните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Од денес ќе има појава на мала до умерена локална облачност, а од средината на неделата ветерот ќе биде од јужен правец. Во петок попладне и во сабота ќе има зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 15