Охрид, 29. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег во јужните делови.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 4. степени.
– Денес и во понеделник претпладне ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег во јужните делови. Потоа до среда ќе преовладува претежно стабилно и суво време, а во четврток се очекуваат локални врнежи од дожд и снег. Утринските температури и натаму ќе бидат насекаде под нула, но поради зголемената облачност ќе бидат повисоки во споредба со оние од претходните два дена, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: Метео
Прочитано: 21