Охрид, 30. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево, но свежо, претпладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен северен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 13. степени.
– Денес преку денот облачноста ќе се намали, но во источните делови и долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од вторник времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата. Кон крајот на неделата ќе има благо затоплување, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 21