февруари 5, 2017

Охрид, 5. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во утринските и раните претпладневни часови со врнежи од дожд, особено во западните и југоисточните делови.

На високите планини со повремен снег. По котлините долж Повардарието со утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови и засилен ветер, претежн од западен правец.

vremenska050217Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 12. степени.

– Денес и утре по котлините долж Повардарието ќе има услови за појава на утринска магла. Нов влажен бран ќе има од понеделник попладне кога се очекуваат пообилни врнежи претежно од дожд, најпрво во западните делови, а во вторник претпладне во источните. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, а во вторник снег е можен и на некои повисоки места. До понеделник ќе се задржат повисоки температури и ќе има позначајно топење на снегот, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: Метео/ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука