Охрид, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен северен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до -8. степени.
– До вторник ќе се задржи променливо облачно и понатаму многу студено време со услови за повремено провејување на слаб снег повеќе утре од вечерните часови. Во вторник ќе има повремени врнежи од снег и се уште ќе дува северниот ветер, но ќе е послаб. Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно време и ќе започне постепен пораст на температурата. На крајот на работната недела краткотрајно ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: Метео