јануари 25, 2015

Охрид, 25. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, на некои повисоки места дожд и снег, а на планините со повремен снег.

Ќе дува умерен северен ветер кој особено ќе биде изразен во попладневните часови. Максималната температура ќе се искачи до 10. степени, во Охрид до 5. степени.

– Од утре не очекува извесно стабилизирање на времето. Поради продор на постуден воздух од север, температурите ќе бидат во постепено опаѓање, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: Метео

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука