јуни 27, 2017

Охрид, 27. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и топло, попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а максималната температура се очекува да достигне 31 степен. 

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Вредноста на УВ индексот е 9.

И во наредниот период продолжува многу топло време со натпросечни максимални температури.

Уште потопло се очекува да биде од четврток, кога поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла и сува воздушна маса, вдолж Повардарието и во Пелагонија температура ќе достигне до 40 степени. Не е исклучено во петок и сабота на места да го надмине и 40-от степен. (Крај)

извор: УХМР   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука