јуни 21, 2017

Охрид, 21. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно сончево и топло со слаб северен ветер.

УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени.

vremenska210617– Следи период на претежно стабилно, а од средината на неделата и многу топло време со понатамошен пораст на дневната температура. Преку денот ќе има умерено наоблачување, а локална појава на краткотраен дожд се најавува за четврток, особено во деновите од викендот кога е можна и појава на грмежи и тоа пред се`, во западните делови од земјата, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес/Метео

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука