Охрид, 10. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и слаб до умерен јужен ветер.
Максималната температура ќе достигне 34 степени, а УВ индексот има вредност 9.
Дневната температура до среда ќе биде во постепен пораст, при што утре и задутре во најтоплите делови повторно ќе го надмине 40-от степен. Извесна промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на дневната температура за околу 5 степени се очекува во четврток и во петок.
Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на наредниот викенд кога ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. (Крај)
извор: УХМР фото: архива
Прочитано: 17