Охрид, 24. јануари 2017 ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег.
Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 2. степени.
– Во среда врнежите ќе бидат од снег и ќе бидат со слаб интензитет, а ќе дува и умерен ветер од северен правец. Од четврток облачноста постепено ќе се намалува и утрински температури ќе бидат во опаѓање, а дневните во благ пораст, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: Метео
Прочитано: 21