октомври 27, 2017

Охрид, 27. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно сончево, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот значително облачно со умерен до засилен северозападен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 20. степени.

– Денес времето ќе биде стабилно, суво и потопло. В сабота ќе има локален дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика пад на дневната температура за околу 8 степени. Во недела преку денот ќе биде стабилно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува заладување со засилен ветер и врнежи од дожд и снег на планините, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука