Охрид, 8. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи претежно од снег, особено попладне во западните делови, каде повремено ќе имааат умерен интензитет.
Максималната температура ќе се искачи до 8. степени, во Охрид до 6. степени.
– Кон крајот на денот под влијание на продор на многу студена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, а повремено и силен северен ветер, кој во наредните денови ќе предизвика значителен пад на температурите. Особено силен ветерот ќе биде во понеделник, кога повремено брзината ќе достигнува и над 80 км/час, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: Метео
Прочитано: 36