Охрид, 1. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб јужен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 8. степени.
– До четврток ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, по котлините со појава на магла. Во петок во западните делови ќе има слаб локален дожд, на повисоките планини слаб снег. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд со слаб, а во западните делови повремено умерен интензитет. Температурата ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: Метео
Прочитано: 42