март 7, 2015

Скопје, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег особено во источните делови од земјата.

Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени, во Охрид до 2. степени.

– Утре на места се уште ќе провејува слаб снег, а од понеделник следува период на стабилно и суво време со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст. За време на прогнозираниот период ќе дува умерен ветер од северен правец, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: Метео

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука