април 26, 2017

Охрид, 26. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со умерен југоисточен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 19. степени.

vremenska260417– До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и ќе дува умерен јужен ветер. Утринските температури ќе бидат во постепен, а дневните во позначителен пораст. Од ноќта кон сабота облачноста ќе се зголеми и за време на продолжениот викенд ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела ќе започне да дува северен ветер, кој ќе донесе мало спуштање на температурите. Во понеделник попладне се очекува нестабилно време со појава на грмежи, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес/Метео

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука