Охрид, 19. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб ветер од јужен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 23. степени.
– До недела ќе се задржи стабилното, суво и топло време со натпросечни дневни температури. Под влијание на влажен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни. Дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник кога ќе дува и засилен северен ветер, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 24