февруари 28, 2015

Охрид, 28. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта можен е слаб локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 15. степени, во Охрид до 12. степени.

– За време на викендот времето ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб локален дожд особено на југот. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање, а во вторник ќе има брз продор од север со засилен северозападен ветер, повремен локален дожд и опаѓање на темпераурата, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: Метео

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука