Охрид, 7. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес ќе се задржи умерено облачно време, со сончеви периоди, но и услови за дожд и ретки грмежи. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси со пообилни врнежи од дожд и со услови за појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Индексот на УВ зрачење ќе има вредност 7.
Максималната температура во Охрид до 28. степени.
– Утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите за по неколку степени. Ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи, кој ќе се задржи и во понеделник, информираат од УХМР. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес
Прочитано: 22