април 14, 2022

Охрид, 14. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот музичар и мајсторот на живите свирки Мето Ди Флеш е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Го бие глас дека се бара билет повеќе за неговите настапи во кафе баровите и клубовите ширум државата. Стружанецот Мето Ди Флеш постарите го знаат и како половина од некогаш легендарното Дуо Флеш, а сега настапува како One Man Band. Специјализиран за караоке забави на кои „сите се ѕвезди“. Има и одлична авторска кариера со многу хитови зад себе кои редовно се вртат на радио станиците ширум државата како најновата „Позитивно негативно“, но и „ Ha Ha“, „Да не е млако“, „Те чекам“ и други.

Негов музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: Money на Pink Floyd, Cat People на David Bowie и Policy Of Truth на Depeche Mode.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Мето Ди Флеш падна на Конкорд со „Мојот лик“. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука